ГЕРМАНИЈА ЌЕ ОДРЖИ ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Датумот е договорен со главната опозициска партија

Внатрешни несогласувања, околу начините за поттикнување на економскиот раст во Германија, се причината за распадот на владејачката коалиција, формирана во 2021 година.

217

Германија планира да одржи предвремени парламентарни избори на 23 февруари 2025 година по распадот на коалицијата на канцеларот Олаф Шолц пред една недела, соопштува Франс прес, повикувајќи се на извори блиски до Социјалдемократската партија на Шолц.






По неколкудневен застој, датумот е договорен со главната опозициска партија, конзервативците ЦДУ/ЦСУ, додаваат истите извори, пренесува Бета.

Распадот на владејачката коалиција, формирана во 2021 година, уследи поради внатрешни несогласувања околу начините за поттикнување на економскиот раст во Германија.

СЕ РАСПАЃА ГЕРМАНСКАТА КОАЛИЦИСКА ВЛАДА Шолц ќе го разреши министерот за финансии

 

Поврзани содржини