Германија ќе купи 635 милиони дози вакцини, буџетот за тоа достигна 8,9 милијарди евра

Во Германија досега се дадени скоро 3,3 милиони дози вакцина против ковид-19, соопшти германското Министерство за здравство. Приближно 2,8 проценти од населението ја примило првата доза. 

251

Германската Влада планира да стави на располагање дополнителни 6,2 милијарди евра за набавка на вакцина против ковид-19 на европско ниво, се вели во писмо на германското Министерство за финансии до парламентарниот комитет за буџет.

Дополнителните трошоци се резултат на купувањето кое Европската комисија веќе го направи, преговорите со други производители на вакцини и независните германски преговори со одделни компании, се вели во писмото.






Дополнителните средства ќе го зголемат германскиот буџет за набавка на вакцини на околу 8,9 милијарди евра за оваа година.

„Со ова, Министерството за здравство има намера да набави вкупно до 635,1 милиони дози вакцини, напиша државниот секретар за финансии Бетина Хагедорн.

Комитетот за буџет треба да ги одобри средствата.

Во Германија досега се дадени скоро 3,3 милиони дози вакцина против ковид-19, соопшти германското Министерство за здравство. Приближно 2,8 проценти од населението ја примило првата доза.

Поврзани содржини