Германија ќе го одобри вториот дополнителен буџет против ефектите од коронавирусот

Со потегот владата го исполнува вкупниот планиран дефицит за 2020 година во износ од рекордни 218,5 милијарди евра.

332

Владата на германската канцеларка Ангела Меркел денеска треба да го одобри вториот дополнителен пакњет со помош (буџет) од 62,5 милијарди евра, во обид да се избори со економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус, јави ДПА.

Со потегот владата го исполнува вкупниот планиран дефицит за 2020 година во износ од рекордни 218,5 милијарди евра, а доаѓа по почетниот дополнителен буџет од 156 милијарди евра, што беше усвоен на крајот на март, наведува германската агенција.






Овој развој на настаните претставува досега најголемо масовно фискално свртување на германската Влада – од земја која се гордееше со својот избалансиран буџет до еден од најголемите потрошувачи во еврозоната во обидот да се избори против економските последици од пандемијата.

Долгот во 2020 година ќе биде пет пати поголем од 2010 година, што е најлоша година од сите претходни финансиски кризи.

Овој потег на владата уште ќе треба да биде одобен и од Долниот дом на германскиот Парламент, Бундестагот, дополни ДПА

Поврзани содржини