ГЕРМАНИЈА ДОБИ НОВА ВЛАДА Големи и зелени планови за најголемата европска економија

Трите партии на власт, на чело со Олаф Шолц, поставиле цел постепено да се укине употребата на јаглен до 2030 година, а до оваа година 80 отсто од енергијата да се произведува од обновливи извори.

807

Олаф Шолц ќе предводи трипартиската коалиција со широки планови за транзиција на Германија кон зелена економија, според договорот што го постигнаа социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи, со што конечно ќе заврши 16-годишното владеење на Ангела Меркел.

Би-Би-Си јави дека договорот на трите партии е постигнат речиси два месеца откако социјалдемократите победија на сојузните избори.






Формите на заштита на климата сочинуваат голем дел од коалицискиот договор. Трите партии поставиле цел постепено да се укине употребата на јаглен до 2030 година, а до оваа година 80 отсто од енергијата да се произведува од обновливи извори.

Се планира и легализирање на продажбата на канабис во лиценцирани продавници, со контрола на квалитетот и на дистрибуцијата на дрогата.

Германија е најголемата европска економија, потсетува Би-Би-Си и додава дека поради тоа одлуките на новата влада ќе имаат големо влијание врз нејзините соседи.

 

Поврзани содржини