Германија до 31 август забрани влез за граѓани од земји кои не се членки на ЕУ
Според информациите до кои дојде „Ројтерс“, се очекува оваа одлука да биде донесена во текот на утрешниот ден.
Германија планира да ја продолжи забраната за пристигнување на граѓани на земји кои не се членки на Европската унија до 31 август, изјавија неименувани извори од германската влада.
Според информациите до кои дојде „Ројтерс“, се очекува оваа одлука да биде донесена во текот на утрешниот ден.
Германија е подготвена да ја укине забраната за патување за земјите членки на Европската унија и Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија од 15 јуни, освен ако не постои забрана за влез во тие земји и обемни рестриктивни мерки.
Минатата недела германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика Германците да не патуваат во Велика Британија сè додека таму е на сила 14-дневниот карантин за туристите.
Тие додадоа дека Берлин ги советува своите граѓани да не одат на крстарења поради посебните ризици од коронавирусот.