ГЕРМАНИЈА БИ ИСПРАТИЛА ВОЈСКА ВО ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ПО КРАЈОТ НА ВОЈНАТА Сега нема што да се одлучува

Нема релевантни или значајни движења на ирански миноловци во Ормусиот Теснец, вели германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

21

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Берлин не ја исклучува можноста за учество на германските вооружени сили во евентуална безбедносна мисија во Ормускиот Теснец, но нагласи дека во овој момент е прерано за конкретни одлуки.

– Ништо не исклучуваме, но во моментов нема што да се одлучува – изјави Писториус.






Тој појасни дека евентуалното учество на Германија во меѓународна мисија би било можно дури по воспоставување прекин на огнот или по завршување на војната меѓу САД и Израел против Иран.

Писториус ги отфрли и медиумските шпекулации за можно распоредување германски бродови за минирање од класата „Франкентал“.

– Нема релевантни или значајни движења на ирански миноловци во Ормусиот Теснец – рече тој, додавајќи дека ваквите бродови можат да дејствуваат во кризна зона само со придружба од други воени пловни единици.

Поврзани содржини