Германец со генијална идеја: Од легендарниот руски авион „антонов“ ќе прави хотел

512

Германецот Ерик Херберт од Алтендорф купи руски авион Ан-2 со необична идеја – да го претвори во мини хотел, пишува германскиот весник „Билд“.

Како што вели весникот, Германецот одлучи делумно да го реконструира авионот и да го смести во својот двор, а ентериерот да го претвори во мини хотел. Неговиот план е да го отвори в лето, а една вечер во кабината на авионот гостите ќе ги чини 399 евра.






„Билд“ пишува дека Херберт е познат по неговите необични идеи. Овој пат, претприемачот започнал навистина огромен проект – купил авион Ан-2 кој повеќе не се користи и сфатил како да заработи пари од него.

Трупот е доставен во петокот и поради недостиг од простор, тој беше привремено „паркиран“ во близина на противпожарната станица.

Во прво време, официјалните институции беа збунети од иницијативата. Тие прво мораа да откријат како авионот во задниот двор може да се класифицира во службени документи и дали треба да се смета за станбен авион или засолниште.

– Сепак, сега ги добив сите дозволи. Може да почне да се претвора во станови – им посочи германскиот ентузијаст на новинарите на „Билда“.

Весникот нагласува дека легендарниот авион бил користен низ целиот источен блок.

Патем, Ан-2 е советски лесен повеќенаменски авион. Се користи за цивилни и воени потреби во голем број земји во светот, покрај тактичкиот транспорт и слетување, како и во спортски цели, медицина, земјоделство и други цели.

Поврзани содржини