ГЕРМАНЕЦ СЕ ВАКЦИНИРАЛ ОД КОВИД ДУРИ 217 ПАТИ, НИШТО НЕ МУ Е!? Лекарите не советуваат имунизација повеќе од три пати

Човекот приватно се вакцинирал во рок од 29 месеци, а овој случај е забележан во медицинско списание.

210

Германец на 62-годишна возраст бил вакциниран против ковид 217 пати, и покрај лекарскиот совет, но истражувачите од Универзитетот Ерланген-Нирнберг тврдат дека оваа количина на имунизација не му наштетила.

Човекот приватно се вакцинирал во рок од 29 месеци, а овој случај е забележан во медицинско списание. Д-р Килијан Шобер, од одделот за микробиологија на Универзитетот во Ерланген-Нирнберг, контактирал со човекот за да ја му тестира плунката, како и неговите свежи и замрзнати примероци од крв.






– Успеавме да ги искористиме овие примероци за да утврдиме точно како имунолошкиот систем реагира на вакцинацијата – рекол Шобер.

Д-р Шобер бил загрижен дека хиперстимулацијата на имунолошкиот систем, кој преку вакцинацијата препознава и се бори против ковид, со повторени дози може да замори одредени клетки. Но, истражувачите не пронашле докази за ова кај 62-годишниот маж, ниту пак, постоеле индикации дека тој некогаш боледувал од вирусот.

Истражувачите нагласиле дека не ја поддржуваат хипервакцинацијата како стратегија за зајакнување на имунитетот, а резултатите од нивните тестови на 62-годишникот биле недоволни за донесување далекусежни заклучоци и препораки за пошироката јавност.

„Тековните истражувања покажуваат дека три дози вакцинација, заедно со редовните дополнителни вакцини за загрозените групи, остануваат оптималниот пристап“, соопшти универзитетот.

 

Поврзани содржини