ГЕРМАНЦИТЕ САМИ ЌЕ ТРЕБА ДА ПРАВАТ БУНКЕРИ? Берлин кова план во случај Москва да нападне
Шефот на Федералната канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи, Ралф Тислер, рече дека изградбата на нови засолништа „веќе не е изводлива, ниту целисходна“ поради временските ограничувања.
Германија во моментов има 579 јавни засолништа за воздушни напади, но истите ќе мора да се реновираат за да може да се користат, објави баварскиот јавен радиодифузен сервис Baierischer Rundfunk. Дополнително, граѓаните треба сами да градат засолништа, на пример во нивните гаражи или подруми.
Ова се дел од нештата за кои размислува германската армија во случај на можен руски напад врз НАТО.
Шефот на Федералната канцеларија за цивилна заштита и помош при катастрофи, Ралф Тислер, рече дека изградбата на нови засолништа „веќе не е изводлива, ниту целисходна“ поради временските ограничувања.
Првпат по Студената војна Германија развива одбранбен план, а германскиот таблоид „Билд“ пишува дека дознал дел од стратегијата која треба да биде готова до март.
Експертите запознаени со планот велат дека Германија треба да служи како „транзитна земја“, што значи дека ќе биде претоварна точка за тенкови и проектили што треба да се испорачаат на фронтот. За таа цел, одредени автопати, пристаништа и железнички патишта ќе бидат привремено затворени за цивилен сообраќај, а војниците ќе бидат распоредени за заштита на транспортот.
Исто така, во план е да се формираат до шест волонтерски полкови за заштита на електраните и критичната инфраструктура.