ГЕРМАНЦИТЕ НЕМААТ ТОПЛА ВОДА? Зграда во Саксонија се спрема за долгата и тешка зима
Не сакаме да ги нервираме станарите, туку да се прилагодиме на тоа дека можеби следната година нема да можеме да ги платиме трошоците, посочи директорот на станбената задруга, Фалк Кин-Мајзегајер.
Станбена задруга во Германија воведе рестрикции за топла вода и греење, поради вртоглавите цени на гасот и на нафтата. Станарите од зграда во градот Дополдисвалде, во провинцијата Саксонија, добиле известување дека во иднина ќе имаат топла вода само од 4 до 8 часот, од 11 до 13 часот и од 17 до 21 часот, пишува Б92.
Било објаснето дека бидејќи цените на гасот и струјата постојано растат, зградата мора да заштеди пред зимата. Поради оваа причина, греењето е целосно исклучено до септември, а топла вода ќе се пушта само во наведените времиња.
– Не сакаме да ги нервираме станарите, туку да се прилагодиме на тоа дека можеби следната година нема да можеме да ги платиме трошоците – посочи директорот на станбената задруга, Фалк Кин-Мајзегајер.
Тој порача дека секој треба да придонесе.
– Сакаме станарите добро да ја поминат кризата. Животот е веќе доволно скап – објасни Кин-Мајзегајер.