ГЕРМАНЦИТЕ ГО ПРЕЗЕДОА ПРИМАТОТ НАЈБРОЈНИ ТУРИСТИ Во март 10.410 ја посетиле земјава

Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за  10,6%, односно кај домашните туристи има намалување за  9,2%, а кај странските има зголемување за  21,9%. 

565

Бројот на туристите во март 2025 година изнесува 70.902, од кои 22% се домашни туристи, а 78% се странски туристи, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесува  132.015, од кои 28% се од домашните туристи, а 72 % од странските туристи.






Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за  10,6%, односно кај домашните туристи има намалување за  9,2%, а кај странските има зголемување за  21,9%.

Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 9,1% така што кај домашните туристи има намалување за 7,8%, а кај странските има зголемување за 21,7%.

Најмногу странски туристи во март 2025 година од Германија 10.410, од Турција (9.380), Франција (4 648) и Грција (4 504).

Поврзани содржини