ГЕРМАНЦИТЕ ГО ОСТАВИЈА ВУЧИЌ ДА ЧЕКА ВО АВИОН Вработените на аеродромот штрајкуваат, нема кој да прати возило по гостинот (ВИДЕО)
Гостопримливите Германци овојпат поради штрајкот на аеродромот не можат веднаш да го испратат возилото, па останавме во авионот уште малку. Ќе имаме тежок и исцрпувачки ден, порача српскиот претседател.
Српскиот претседател Александар Вучиќ се наоѓа на аеродромот во Минхен, Германија, но оставен бил да чека некое време во авионот затоа што вработените на аеродромот штрајкувале и никој не сакал да испрати возило по гостинот.
Додека го чека својот превоз, Вучиќ одлучи преку видео да ѝ се обрати на јавноста во Србија.
– Гостопримливите Германци овојпат поради штрајкот на аеродромот не можат веднаш да го испратат возилото, па останавме во авионот уште малку. Ќе имаме тежок и исцрпувачки ден – порача српскиот претседател.
Во продолжение, погледнете го видеото:
View this post on Instagram