Германците гневни, Британците 9 дена пред поплавите ја предупредиле Германија

Првите знаци дека се подготвува катастрофа на Германија и се упатени 9 дена пред излевањето на реките, а 24 часа претходно Германија добила прецизни податоци каде ќе има поплави, изјавила Хана Клок, британски хидролог, за Сандеј Тајмс.

1,282

Системот за тревога во случај на елементарни непогоди во Германија денеска е на удар на критики поради задоцнетото предупредување на граѓаните во текот на поплавата кои минатата недела ги погодија западните делови на Германија.

– Кога станува збор за заштита од катастрофи во иста мерка лошо сме подготвени како што тоа беше случај и со пандемијата – вели портпаролот на владејачката Социјалдемократска партија на Германија за здравствени прашања Карл Лаутербах.






Тој изјавил дека Германија мора подобро да се подготви за вакви случаи бидејќи во иднина ќе има и повеќе пандемии и повеќе катастрофи како последната што ја погоди државата.

Политичарот на опозициската Либерално демократска партија Михаел Теурер зборува за целосен колапс на системот за тревога и укажува дека германската власт неколку дена пред обилните врнежи била предупредена за можноста од излевање на реките од коритата.

– Навременото предупредување на метеоролозите не се пренесени на населението и тука закажа власта и медиумскиот јавен сервис – вели Теурер.

Расправата во Германија се вжешти откако британски медиуми пренеле изјава на некои експерти кои рекле дека Германија од европските институции била повеќе пати предупредена дека доаѓа огромно количество врнежи.

Британскиот хидролог и една од авторките на Европскиот систем за предупредување од поплави Хана Клок изјавила дека Германија 24 часа пред излевањето на реката Ахр била предупредена за таа можност. Подоцна токму во ова подрачје загинаа повеќе од 100 лица.

– Првите знаци дека се подготвува катастрофа на Германија и се упатени 9 дена пред излевањето на реките, а 24 часа претходно Германија добила прецизни податоци каде ќе има поплави – изјавила Клок за Сандеј Тајмс.

Таа и за германскиот јавен сервис ЗДФ рекла дека Германија била предупредена но дека очигледно дошло до „пукање на синџирот на предупредување кои на крајот не стасале до граѓаните“.

Министерството за внатрешни работи на сојузната покраина Северна Рајна Вестфалија, една од двете покраини најтешко погодени од поплавите, признало е дека во минатиот понеделник, два дена пред поплавите, имало сознанија за екстремно невреме кое се надвива над погодените подрачја.

Поврзани содржини
na