Германците бесни, Владата ја ограничува брзината во градовите на 30 километри на час
Љубителите на автомобили сметаат дека ова е ограничување на слободата, пишува Дојче веле, додавајќи дека досега ниту една германска влада не се осмелила да ги заостри законите.
Владата во Берлин ја „исфрли“ идејата за ограничување на брзината на возење во градовите на 30 километри на час! Во моментов, границата е 50, а многу граѓани бараат да се подигне ограничувањето, па навестувањето за ново намалување на брзината предизвика вистинска бура на реакции.
Со децении во Германија се дискутираше за ограничување на брзината на автопатите, а брзината надвор од населени области одамна е намалена на 80 километри на час. Љубителите на автомобили сметаат дека ова е ограничување на слободата, пишува Дојче веле, додавајќи дека досега ниту една германска влада не се осмелила да ги заостри законите.
Шпанија, сепак, во моментов воведува ограничување на брзината во градовите од 30 километри на час. Користејќи го овој аргумент два месеци пред парламентарните избори, оваа тема повторно се покренува во Германија.
Со новите ограничувања на брзината, до 2034 година, емисијата на штетен јаглерод диоксид може да се намали до сто милиони тони, се наведува во соопштението на Здружението за животна средина и Полицискиот сојуз на најнаселената германска провинција Северна Рајна-Вестфалија.
Анкетите дури покажуваат дека повеќето членови на авто-мото клубот АДАЦ, најголемото здружение на германски возачи, веќе не се против новите ограничувања на брзината. Таа цел веќе стана дел од изборните програми на социјалдемократите, левицата и зелените.