ГЕРМАНЦИТЕ БАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Дури 71% од гласачите се незадоволни од владата

Истражувањето на националната телевизија ЗДФ покажа рекордно високо незадоволсто на германските гласачи од владејачката коалиција.

265

Незадоволството на германските гласачи од владејачката коалиција достигна рекордно високо ниво, покажува денеска објавеното истражување на националната телевизија ЗДФ, откако сите коалициски партии постигнаа лоши резултати на европските избори.

Од 1.334 учесници во истражувањето спроведено на 10 и 12 јуни, 71% се изјасниле дека се незадоволни од работата на владата, наспроти 66% кои биле анкетирани во мај, пренесува Ројтерс.






Околу 51% се изјасниле дека се „за“ предвремени избори, додека 66% сѐ уште сметаат дека коалицијата ќе трае до крајот на мандатот следната година.

Поврзани содржини
na