ГЕРИЛА АКЦИЈА НА УЛИЦА МАКЕДОНИЈА Дуќанот на братот на Груби „се продава за 700 евра“(ФОТО)
Сликата беше објавена и на Фејсбук, а веројатно се работи за нечија герила акција.
Плакати со натпис „Се продава за 700 евра од метар квадратен“ испишани на македонски и на албански јазик утрово беа излепени на дуќанот на братот на Артан Груби на улица Македонија во центарот на Скопје. Сликата беше објавена и на Фејсбук, а веројатно се работи за нечија герила акција.
Претходниов период, темата за тоа за колку пари братот на Груби го купил деловниот простор предизвика бурни реакции во јавноста и меѓупартиски препукувања. Се појавија информации дека дуќанот наводно бил купен за 659 евра за квадратен метар, што е цена далеку под пазарната.