ГЕРАСИМОВСКИ СВИКА КРИЗЕН ШТАБ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ЃУБРЕТО Ќе се носат кризни мерки
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го свика кризниот штаб со цел да се донесат кризни мерки за сметот.
„Состојбата со сметот во градот, а со тоа и во Општина Центар, е крајно загрижувачка и бара итни и кризни мерки на општинско ниво, откако нема информација дали и кога Градот и ЈП Комунална хигиена ќе продолжат со собирањето на сметот“, соопшти Општината.
Градоначалникот Герасимовски за денеска во 11 часот го свика Штабот за заштита и спасување со цел да се донесат итни одлуки за справување со кризата со сметот. Во текот на вчерашниот ден и ноќта, ЈП ПОЦ продолжи со собирање на сметот и се работи во две смени. Акцијата продолжува секој ден.
По состанокот, градоначалникот Герасимовски ќе ги соопшти одлуките.