ГЕРАСИМОВСКИ САКА ВТОР МАНДАТ ВО ЦЕНТАР Подготвува програма за локалните избори
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, планира повторно да се кандидира за оваа функција на локалните избори што ќе се одржат годинава.
– Изминатите три ипол години јас и мојот тим од Општина Центар работиме целосно во интерес на граѓаните, спроведувајќи голем број проекти коишто дел се во реализација, дел се завршени. Но, имаме одличен план и програма којашто се спрема за следниот мандат. Секако дека се подготвуваме, ние сме постојано и во кампања, но приоритет ни се граѓаните и проектите што ги имаме започнато и ветено пред граѓаните во 2021 година – рече Герасимовски, одговарјќи на новинарско прашање.