ГЕРАСИМОВСКИ НА КАФЕ СО ПРОТИВКАНДИДАТИТЕ Новиот градоначалник на Центар вели дека е отворен за добрите идеји
Мило ми е што моите противкандидати ја прифатија поканата за неформално дружење на која разговаравме за општината и приоритетните проекти кои треба да ги реализираме. Сите ние имаме свои ставови и различни гледишта на работите и тоа го ценам, затоа ми е важно секое мислење и идеја, изјави Герасимовски.
Горан Герасимовски новиот градоначалник на општина Центар ги покани на кафе неговите противкандидати од изборната трка за општина Центар, со кои разговараше за развојот на општина Центар и првите приоритетни проекти.
– Мило ми е што моите противкандидати ја прифатија поканата за неформално дружење на која разговаравме за општината и приоритетните проекти кои треба да ги реализираме. Сите ние имаме свои ставови и различни гледишта на работите и тоа го ценам, затоа ми е важно секое мислење и идеја – изјави Герасимовски.
Герасимовски во текот на кампањата имаше слични проекти со дел од противкандидатите за кои денеска подетално разговараше. На кафе средбата Герасимовски кажа дека општината ќе биде отворена за граѓаните и тој ќе ги прифати, разработи и реализира сите проекти кои се во интерес на граѓаните и кои го подобруваат животот во Центар.
Тој појасни дека заедно сите можат да придонесат за подобар и поубав Центар.