ГЕРАСИМОВСКИ ЈА ПРЕТЕКНА АРСОВСКА Центар го заврши новогодишното украсување пред Град Скопје
Украсувањето започна од улицата Орце Николов па продолжи кон улиците Боемска 1 и 2 каде на неколку локации е поставена мрежа со сијалички, светлосни фигури на бандери, ѕвездено небо и девет метарска новогодишна елка.
Општина Центар соопшти дека го заврши новогодишното украсување, пред тоа да го стори Град Скопје.
– Годинава општината е украсена на повеќе локации каде се поставија новогодишни елки, светлосни фигури, украсни лед сијалици и други новогодишни украси – велат од Општината. Од Град Скопје вчера соопштија дека украсувањето ќе го започнат на 15 декември и дека тоа ќе чини многу помалку пари отколку што за таа намена (неоправдано) било трошено во минатото.
Украсувањето започна од улицата Орце Николов па продолжи кон улиците Боемска 1 и 2 каде на неколку локации е поставена мрежа со сијалички, светлосни фигури на бандери, ѕвездено небо и девет метарска новогодишна елка.
Украсен е и скверот пред Општината каде има поставено мрежа со сијалички на сите дрва, светлосни фигури, забавен парк и дрвени куќички. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски вели дека граѓаните заслужуваат да уживаат во предновогодишната атмосфера.
– Општина Центар е единствена украсена општина во Градот Скопје. Мислам дека по поскапувањата и штедењата и по економската криза граѓаните имаат потреба да излезат и да прошетаат по украсени улици и ја почувствуваат предновогодишната еуфорија и позитивен дух. Сите ние имаме потреба од тоа и затоа годинава украсивме на неколку локации со цел да ги развеселиме граѓаните. Затоа ги поканувам сите да дојдат во Општина Центар и уживаат во новогодишната бајка – вели Герасимовски.
Новогодишни украси исто така се поставени на скверот и паркот во населбата Капиштец.