Георгиос Тхрискос стана член на Управниот одбор на Жито Лукс
Тхрискос доаѓа на местото на Катерина Давидовска која е отповикана од член на Управниот одбор.
Георгиос Тхрискос е назначен за нов член на Управниот одбор на Жито Лукс, информира компанијата преку Македонска берза.
Тхрискос доаѓа на местото на Катерина Давидовска која е отповикана од член на Управниот
одбор. Таа од 2017 година беше одговорна за правните работи во компанијата.
Од Жито Лукс информираа дека промената во органот на управување е регистрирана и во Централниот регистaр на 28 јануари годинава.