Георгина Родригез, партнерката на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијан Роналдо, во разголено издание позираше за шпанскиот магазин „Ин стајл“.
Георгина градите ги покри само со чанта од модниот бренд „Гучи“. Станува збор за модел на Џеки од 1961 година.
Инаку, многу брендови се борат за Георгина откако е во врска со Роналдо, затоа што само на Инстаграм ја следат речиси 24 милиони луѓе, па затоа претставува огромен потенцијал за маркетинг. И самата таа, пред да се запознае со Роналдо, работеше во бутик на „Гучи“.
Шпанката Георгина и Португалецот Кристијано се во врска од крајот на 2016 година и заедно ја имаат ќерката Аланa Мартинa. Роналдо има уште три деца од сурогат-мајки.
View this post on Instagram
FOTO: Instagram