ГЕОРГИНА ОСТАНА БЕЗ ЗБОРОВИ ОД ПОДАРОКОТ Роналдо платил 124.000 евра за ова (ФОТО)

Георгина вчера се пофалила на социјалните мрежи со коментарот: „Без зборови сум“.

4,475

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо зад себе има неколку возбудливи фудбалски денови, па оттаму и не зачудува неговото одлично расположение од кое „корист“ имаше и неговата свршеничка, Георгина Родригез.

Имено, Роналдо одлучил да ја израдува својата сакана така што ѝ купил подарок вреден 124.000 евра. Во прашање е орманче за чување накит и скапоцени предмети на луксузната марка „Луј Витон“, за што Георгина вчера се пофалила на социјалните мрежи со коментарот: „Без зборови сум“.






Инаку, свршеничката на Ронално последниве денови е во центарот на вниманието поради филмот за неа кој се очекува на „Нетфликс“, а каде што ќе се зборува за тоа како воопшто завршила во прегратките на еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Средбата со Португалецот дефинитивно ѝ го промени животот. Пред да влезе Роналдо во продавницата каде што Георгина работела, таа живеела во заедничка куќа со семејството и заработувала околу 300 евра неделно работејќи во бутикот.

Меѓутоа, Георгина сега е четврта најбогата жена на фудбалер, бидејќи сама заработува.

Викторија Бекам е прва, Шакира втора, а Колин Руни трета, додека богатството на избраничката на Роналдо се проценува на седум милиони фунти.

Таа стана заштитно лице на одредени модни куќи кои ги рекламира, а во меѓувреме покрена и со своја модна линија. Освен тоа, познато е дека за една објава на Инстаграм заработува и до 250.000 евра.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини