Свршеницата на фудбалерот Кристијано Роналдо, Георгина Родригез (26), е позната како љубителка на фитнесот, а својата љубов ја претвори во нешто што ѝ носи пари.
Георгина на социјалните мрежи постојано објавува сексапилни фотографии, на кои позира во секси пози или од теретана или од јахтата на фудбалерот, а неретко рекламира и спортска опрема и снима едиторијали за фитнес списанија.
На најновите фотографии коишто ги споделила на својот Инстаграм покажала колку е еластична.
„Помеѓу морето и небото“, напишала Георгина под фотографијата на која позира додека прави шпага.
Таа позирала како вежба јога во сина спортска опрема на луксузната јахта во близина на Мадрид.
Во светло сини хеланки и топ, 26-годишната Георгина правела бројни пози, а фановите се воодушевени од нејзиниот изглед.
„Убавица“, „Девојко, убава си“, „Роналдо има навистина среќа“, „Изгледаш како милион долари“, се само некои од коментарите.
FOTO: Instagram