ГЕОРГИНА КОПНЕЕ РОНАЛДО ДА ЈА ЗАПРОСИ Еве што изјавила… (ВИДЕО)

Во трејлерот е прикажана сцена во која Георгина со пријателите се наоѓа во приватен авион и таа одговара на прашањето за нејзината венчавка со Кристијано.

1,072

Деновиве беше објавен трејлерот за реалното шоу на „Нетфликс“, наречен „Јас сум Георгина“ (Soy Georgina), кое треба да излезе на крајот на годината. Тоа е шоу за Георгина Родригез, девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо.

Во трејлерот е прикажана сцена во која Георгина со пријателите се наоѓа во приватен авион и таа одговара на прашањето за нејзината венчавка со Кристијано. Пријателите ја прашале дали Роналдо ќе ја запроси.






– Тоа не зависи од мене… Барем да зависеше – рекла Георгина, која со Роналдо ја има тригодишната ќерка Алан Мартин, а со нив живеат и другите деца на фудбалерот, синот Кристијано и близнаците Матео и Ева Марија.

Шоуто „Јас сум Георгина“ го следи приватниот живот на манекенката, од мајчинството и деловниот аспект на животот до нејзините подеми и падови.

„Мојата реалност доаѓа наскоро на „Нетфликс“. Одвај чекам да ја видите, многу сум возбудена“, напишала Георгина неодамна на Инстаграм.

Поврзани содржини