Георгиевски за сребрениот медал во Токио ќе биде награден со 1,8 милиони денари
На неговиот тренер Дарко Костовски ќе му бидат доделени 600.000 денари, информира Владата.
Владата на добитникот на сребрениот медал Дејан Георгиевски во дисциплината теквондо на Олимписките игри во Токио ќе му додели парична награда во висина од милион и 200.000 денари, а на неговиот тренер Дарко Костовски ќе му бидат доделени 600.000 денари, информира Владата.
– Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт – велат од Владата.