ГЕОРГИЕВСКИ ОТКРИ КОГО САКА ЗА СОВЕТНИЦИ Ако победам на изборите во тимот ќе ги земам противкандидатките Арсовска и Петровска

Прво ми е особена чест што учествувам во кампања во која има две извонредни дами. Се надевам на извонредна соработка и на извонреден маратон, кажа Георгиевски.

5,630

На прашање како гледа на конкуренцијата, односно на актуелниот градоначалник Шилегов и Арсовска како главни конкуренти засега според сондажите, но и на кандидатката Ана Петровска, кандидатот за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски рече дека му претставува чест што учествува во кампања каде има две извонредни дами.

– Прво ми е особена чест што учествувам во кампања во која има две извонредни дами. Се надевам на извонредна соработка и на извонреден маратон. Се до крајот се надевам дека јас, во некој 100ти дел од секундата ќе влезам прв во целта и ќе победам на крајот, но се надевам на една искрена и сестрана поддршка и да бидам искрен дека доколку добијам јас на овие избори, јас за совентици или за луѓе кои би работеле со мене би ги избрал токму овие две дами за да можеме заедно да го направиме градот поубав, секој на свој начин и секој во својата бранша – кажа Георгиевски во Тема на денот во Дневникот на Сител.






Поврзани содржини