Георгиевски обезбеди финале, ќе атакува на златниот медал во Токио
Дејан Георгиевски за противник во финалето ќе го има претставникот од Рускиот олимписки комитет, Владислав Ларин, а оваа борба на програмата е заканажна за 14.45 по македонско време.
Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски во дуелот со Дион Кјо Ин обезбеди пласман во финалето и со тоа си обезбеди најмалку сребрен медал, со што Македонија го обезбеди првиот олимписки медал по пауза од 21 година.
Нашиот натпреварувач немаше поен во првата рунда, која ја доби противникот со 1:0. Во втората следуваше првиот поен после грешката на противникот кој потоа израмни на 1:1, потоа следеа два во серија за водстово на Македонецот од 5:1. Кореецот на пред крај на рундата обезбеди поен со удар со рака и намали на 5:2 и уште еден за резултат од 5:3.
Во последните 2 минути двајцата таеквондисти влегоа малку претпазливо, но следеше удар од Георгиевски за зголемување на предноста на 7:3, Кореецот намали на 7:4, но нашиот Олимпијец имаше два поени по ред и зголеми на 10:4. Во последните 30 секунди Георгиевски зголеми предноста на 12:4, потоа следеа два казнени поени за Кореецот, за конечни 12:6 за нашиот Олимпијец.
Дејан Георгиевски за противник во финалето ќе го има претставникот од Рускиот олимписки комитет, Владислав Ларин, а оваа борба на програмата е закажана за 14.45 по македонско време.