ГЕОРГИЕВСКИ МУ ОДГОВОРИ НА АРСОВСКИ Не заборавајте дека вашата партија е на власт во Гази Баба

Георгивски повтори дека ги повикал надлежните во општината да направат комисија и на терен да извршат надзор и проверка за реализацијата на јавинот повик за одржување на уличното осветлување. 

1,139
Поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Борис Георгиевски, му одговори на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, на обвинувањето дека со штетен одговор го оштетил општинскиот буџет.





Георгивски повтори дека ги повикал надлежните во општината да направат комисија и на терен да извршат надзор и проверка за реализацијата на јавинот повик за одржување на уличното осветлување.
„Почитуван Димче Арсовски кога веќе сте дошле до дворот на општината влезете внатре и прашајте го вашиот градоначалник зошто нема издадено налог за поставување на лед светилки. Прашајте го зошто и покрај активен договор за лед светилки во новиот буџет обезбедил 20 милиони денари за одржување на уличното осветлување? Не заборавајте да го прашате зошто сака да ја затвори градинката во Стајковци или пак зошто децата од градинката Детска радост може да останат без храна. Не заборавајте дека вие сте сега власт во Гази Баба и редно е веќе почнете да работите нешто од она што сте го ветиле пред граѓаните“, порача екс-градоначалникот на Гази Баба.
Поврзани содржини