ВМРО-Народна партија упатува остра реакција на изнесените лаги и невистини од страна на Сашо Мијалков, а на сметка на лидерот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, реагира партијата на Георгиевски по интервјуто на Мијалков.
– Сметаме дека како посебен и уникатен партиски субјект немаме ништо општо со оваа партиска гарнитура на ДПМНЕ па сходно на тоа препорачуваме вашите криминални пресметки да си ги вршите внатре во партијата и помеѓу вас. Особено зачудува фактот што вакви лаги и невистини ги изнесува човекот кој девет години организирал низа криминални активности за кои слушавме во прислушуваните материјали или таканаречените „бомби“ па сметаме дека и во иднина се што ќе произнесе овој човек со сомнително минато е под знак прашалник, знаејќи како функционирал додека беше дел од власта на Никола Груевски – велат од ВМРО Народна.
Мијалков во интервјуто вели дека актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ освоило најслаб резултат во изторијата.
– Од освоените 455.000 гласови на последните парламентарни избори во 2016 година, Христијан Мицкоски падна на 315.000 гласа. Само Љубчо Георгиевски бил полош од него во 2002 година, кога освои 300.000 гласови, а тогаш и тој и Љубе Бошковски беа на црната листа на САД, a позади себе имаа шверц на цигари, нафта, убиства и куп други афери – вели Мијалков.