ГЕНСЕКОТ НА СИНДИКАТОТ УПОЗ ЗЕМА 80.000 ДЕНАРИ ПЛАТА Петрушевски обвини дека СДСМ има „синдикалци на батерии“
Според информации кои ги добивме, генералниот секретар на УПОЗ, додека ги лаже работниците со минимална плата, покрај платата од скоро 80.000 денари, има и примања по други основи и договори на дело, со што годишните примања му надминале 1 милион денари, изјави Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ од партиската говорница.
Генералниот секретар на синдикатот УПОЗ зема огромна плата, додека ги лаже работниците за минимална плата, обвини на прес-конференција Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Петрушевски твди дека генсекот, заедно со Трпе Деановски од УПОЗ ии Слободан Трендафилов од Синдикалниот сојуз на Македонија се свиркачи на СДСМ.
„ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плата.
Според информациите кои дојдоа до нас од свиркачи во ССМ, покрај Слободан Трендафилов и Трпе Деановски, со енормни примања е и генералниот секретар на УПОЗ.
Според информации кои ги добивме, генералниот секретар на УПОЗ, додека ги лаже работниците со минимална плата, покрај платата од скоро 80.000 денари, има и примања по други основи и договори на дело, со што годишните примања му надминале 1 милион денари.
Ова се синдикалците на батерии, кои го лажат народот и работниците, затоа што треба да одработат за СДСM, кои ги поставија на овие позиции спротивно на сите прописи.
Битката на Слободан Трендафилов и неколкумината околу него е за позициите кои ги држат, парите кои ги земаат и што треба тоа да одработат. Прочитани се“, вели Петрушевски.