ГЕНСЕКОТ НА СДСМ ОФОРМУВА „ФРОНТ“ НА СРЕДБИ ВО СРБИЈА Зад потегот стојат Заев и Башановиќ?

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ организира средби со српски опозициски функционери за заеднички настап. Според партијата, зад иницијативата стојат Зоран Заев и Зоран Башановиќ.

585

Генералниот секретар на СДСM минатата недела се сретнал со поранешни функционери од српската опозиција за оформување на опозициски фронт, организиран со помош на Зоран Заев и Зоран Башановиќ, тврди Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ на партиска прес-конференција.

„Генсекот Александар Саша Димитријевиќ, изминатата недела во Македонија, одржал средба со поранешниот министер за образование од Србија, Бранко Ружиќ, кој воедно е и потпретседател на СПС, Социјалистичката партија на Србија, на која било разговарано за спојување на опозиционерите од Србија со СДСM, за заеднички настап и соработка.

За да бидат појасни работите, Бранко Ружиќ е политичар кој минатата година беше суспендиран од својата политичка партија, која инаку е во коалиција со партијата на власт во Србија, поради неговите поинакви ставови за работата на истата Влада, во која тој беше министер за образование.

Секако, зад оваа средба и зад овој фронт кој опозицијата од Србија сака да го направи со СДСM, стои нивниот ПР шеф Башановиќ и врховниот претседател на СДСM, Зоран Заев.

Жалното е што во врвот на СДСM никако не им доаѓа памет, кој стигне ги користи за свои приватни цели.

Поради лојалноста и послушноста кон Заев, СДСM преку Филипче и Димитријевиќ ќе одработуваат за опозиција во друга држава.

Наместо да се фокусираат во Македонија, да бидат конструктивна и корективна опозиција, тие се занимаваат со други држави и партиите во истите тие држави. Да потсетиме, Филипче и СДС ликуваа на победата на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ во Унгарија, додека нивната сестринска партија освои 1% од гласовите.

Нашиот совет до СДСМ е помалку да се занимаваат со други држави и со туѓи влади, а повеќе да се фокусираат на македонската политичка сцена, затоа што полека но сигурно стануваат маргинална партија со рејтинг сличен на статистичка грешка“, вели Манасиевски.

Поврзани содржини