„ГЕНОЦИД СЕ ОДВИВА ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ“ Врие во ОН, УНИЦЕФ го осуди нападот врз кампот во Џабалија
УНИЦЕФ во сопствен извештај го нарече нападот „масакр“ и предупреди дека повеќе од 400 деца се убиени или повредени во Појасот Газа дневно од почетокот на војната, а дека „тоа не смее да биде новото нормално“. ОН соопшти дека можно е нападот во Џабалија да претставува воено злосторство, а висок службеник на ОН пред неколку дена поднесе оставка наведувајќи дека организацијата не се справила со „геноцидот кој се одвива пред нашите очи“.
Високи службеници во Обединетите Нации ги осудија нападите на Израел врз Газа како воено злосторство и геноцид. Еден од нив, Крег Мокибер, пред неколку дена поднесе оставка наведувајќи дека ОН не успеале да се справат со кризата, а се предале на „израелското лоби“ и „моќта на САД“.
„Уште еднаш, гледаме геноцид како се одвива пред нашите очи, а Организацијата на која ѝ служиме се чини немоќна да го спречи“, напиша Мокибер во писмото до високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк, објавено во вторникот.
Истовремено, светските медиуми ги коментираат воздушните напади врз бегалскиот камп во Џабалија во густо населениот дел на градот Газа. УНИЦЕФ во сопствен извештај го нарече нападот „масакр“ и предупреди дека повеќе од 400 деца биле убиени или повредени во Појасот Газа дневно последователно во изминатите 25 денови, а дека „тоа не смее да биде новото нормално“.
„Децата веќе претрпеа премногу. Убиството и заробеништвото на децата мора да престанат. Децата не се цел“, се апелира во извештајот.
🚨🇮🇱 ISRAEL just dropped 5 bombs with NO WARNING on the Gaza’s Jabalia Refugee Camp, MURDERING over 100 civilians! pic.twitter.com/nCRgGBckvL
— Jackson Hinkle 🇺🇸 (@jacksonhinklle) October 31, 2023
Последните бројки велат дека најмалку 195 лица загинаа во нападот во Џабалија, 120 се исчезнати под рушевините, а вкупно од почетокот на војната во нападите низ Газа загинале 3.500 деца. Израел соопшти дека цел на нападот во Џабалија било ликвидирање на командант на Хамас. Откако проектил слета во кампот во вторникот, следеше уште еден бомбашки напад од Израелските одбранбени сили во средата.
Обединетите Нации се огласија велејќи дека нападот врз Џабалија може да претставува воено злосторство. Мартин Грифитс, потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања, бомбардирањето на кампот е само „последното злостроство што го снајде палестинскиот народ“.
🚨Breaking: Netanyahu’s massacres continue. Abu Hussein School in Jabalia Camp bombed by the IDF. 🇵🇸
Source: @palestinetv95 pic.twitter.com/qlNSAo4R7y
— Zeeshan Khan (@rangefindersnob) November 2, 2023
How could any decent human being justify this? #Jabalia_massacre pic.twitter.com/6idRoBZBGN
— Samar D Jarrah (@SamarDJarrah) October 31, 2023
Генералниот секретар Антонио Гутереш „е згрозен од ескалацијата на насилството во Газа“, изјави неговиот портпарол Стефан Дужарик.
Претставник на Израелските одбранбени сили ИДФ ги нарече цивилните жртви трагедија, но на крајот го обвини раководството на Хамас за нивната смрт, велејќи дека групата „се вградила меѓу цивилното население“.
Најмалку 9.061 лице се убиени во израелските напади врз Газа од 7 октомври, објави денес Министерството за здравство во Газа, кое е под управа на Хамас. Меѓу убиените има 3.760 деца и 2.326 жени.
Според Министерството, повредени се 32.000 лица.