Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на Фејсбук објави дека поделбите во партијата ќе завршат, а СДСМ ќе биде поразен.
„За сите добронамерни граѓани вратата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ е отворена, напиша тој на фејсбук.
Сајкоски не е непознат за членството. Потекнува од Кичево, извршувал повеќе партиски функции, бил заменик министер за локална самоуправа.
Сајкоски доаѓа на местото на Игор Јанушев кој неодамна поденесе оставка на функцијата.
Според лидерот на партијата Христијан Мицкоски, Јанушев се повлекол од партиските функции од лични причини, но ќе остане да ѝ помага на партијата.
Новиот Извршен комитет на партијата го сочинуваат: Александар Николоски, Владо Мисајловски, Иван Иванов, Сергеј Попов, Никола Мицевски, Гордана Димитриевска- Кочоска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонијо Милошоски.