ГЕНЕРАЛНА ПРОБА ЗА ПРВОМАЈСКИОТ ИЗЛЕТ На скара на бродски синџири – во Волково
Младиот пар Симона и Мартин викендов направија генерална проба за претстојните празници и ги поканија своите пријатели и колеги на вистинска гозба подготвена на скара која се држи на бродски синџири. Да, да, на бродски синџири кои завршиле во скопско Волково
Велигденските и првомајските празници се период кога најчесто се собираат семејството и пријателите дома, во дворовите или на излет во природа, а тоа е секогаш во овој период и прилично неизвесно ако се земат предвид непредвидливите климатски услови кои често токму на први и втори мај знаат да ни го донесат дождот.
Затоа младата брачна двојка од Волково, Симона и Мартин решија да го искористат убавото сончево пролетно време и првиот ден од изминатиов викенд да ги соберат пријателите на претпразнична гозба. Да, да, знаеме дека се велигденски пости, ама понудата беше навистина обилна и разновидна и посна и мрсна и најмрсна, за сите вкусови и апетити.
Ако сакате инспирација за претстојните празници или ако, не дај боже, немате апетит, погледнете како изгледаше сето ова на порталот „Арт кујна“.