ГЕНЕРАЦИИ РАСТЕА СО НЕГО „Моќниот ренџер“ Џејсон Дејвид Френк се самоуби

537

Актерот Џејсон Дејвид Френк кој го сакавме во популарните „Моќните ренџери“ почина на 49-годишна возраст, а тажната вест ја пренесе и потврди неговиот агент.

Иако сè уште не е познато што ја предизвикало неговата смрт, тој изјавил дека гласините за неговата смрт се „за жал, вистинити“. Според ТМЗ, извори наведуваат дека причина за смртта е самоубиство.






Од Џејсон се прости и неговиот тренер и близок пријател Мајк Бронзулис. Тој на Фејсбук објави нивна заедничка фотографија и напиша.

– Почивај во мир брат ми од друга мајка. Сè уште сум во шок. Се чувствувам ужасно – напиша Мајк.

Да потсетиме, Џејсон се прослави со улогата на Томи Оливер, Зелениот Ренџер во хит серијата и додека улогата беше закажана за само 14 епизоди, тој се покажа толку успешен и популарен што беше вратен како Белиот ренџер и новиот лидер на тимот.

Она што е интересно е што неговата сопруга Тами поднесе барање за развод на почетокот на оваа година по 19 години брак, наведувајќи го неговото неверство. Веќе почнаа шпекулациите дека не можел да поднесе што сопругата го напуштила, иако тој е виновен за тоа и затоа извршил самоубиство.

Поврзани содржини