Гебреисус: Сè уште е многу рано да се зборува за крај на пандемијата

Од почетокот на пандемијата во светот со ковид-19 се заразени 164.028.494 луѓе од кои 3.398.067 починале, а оздравеле 142.640.911 лица.

283

Генералниот секретар на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреисус денеска изјави дека и покрај тоа што се намалува бројот на новозаболени и починати од последици од ковид-19, многу е рано да се зборува за крај на пандемијата.

– Втора недела по ред гледаме пад на бројот на инфицирани и починати. Но, во исто време, но и понатаму е загрижувачка ситуацијата во голем број држави. Ковид-19 е далеку од крајот – истакна Гебреисус.






Од почетокот на пандемијата во светот со ковид-19 се заразени 164.028.494 луѓе од кои 3.398.067 починале, а оздравеле 142.640.911 лица.

Поврзани содржини
na