ГДУ: Зошто Обвинителство не отвори предмет за ревизијата на браната кај Отиња?

250

Граѓанско-демократската унија (ГДУ) бара Јавното обвинителство да започне постапка и да провери дали има криминал со проектите за брана на реката Отиња во кои, како што тврди, се исчезнати стотици илјади евра а проектот не е како што треба.

„Господине Сугарески, проектот е изработен од Градежен факултет Скопје, потоа во еден мандат на ВМРО-ДПМНЕ се платени пари неколку десетици илјади евра за ревизија на тој проект и сега пак не чинел, нови 200.000 евра ќе прибере некој за да прави нова ревизија на веќе ревидиран проект. Што е многу, многу е. Јасно е дека идејата е некој да ги апсорбира тие 200.000 евра за „ветер и магла“ и тоа е вистината“, реагира ГДУ од Штип.






Оттаму прашуваат зошто Јавното обвинителство по допрен глас не започне постапка против тие кои платиле со пари на граѓаните за неквалитет проект.

„Која е фирмата која правела ревизија на проектот, а не си ја завршила работата за која зела десетици илијади евра пари на граѓаните и дали е блиска до сегашно раководство на некој од челниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ па по старата шема си ќутат и двете партии? Гледаме колегите од ВМРО-ДПМНЕ реагирале за браната, само да ги потсетиме дека уште кога Миташев беше градоначалник на Штип во неговата кампања ветуваа брана, па после и во сите кампањи близу 20 години. Единствено што направија во нивно време е ревизија на проектот за стотици илјади евра и ништо друго, истото што се спремаат и СДСМ да го направат денес“, се додава во реакцијата на ГДУ.

 

Поврзани содржини