Гази Баба ги ослободи родителите од надомест за трошоци во градинка

448

Општина Гази Баба денеска соопшти дека ги ослободува родителите од надомест за трошоци за во градинка, од месец март па се додека трае вонредната состојба.

– Со тоа, родителите нема да ги плаќаат сметките за надомест на трошоци од 1 март и се додека не заврши вонредната состојба. Оние родители кои што имаат платено сметка за деновите од март додека не беше прогласена вонредна состојба, ќе им бидат одбиени во наредната сметка која ќе треба да ја платат. Со овој чекор уште еднаш покажуваме дека интересите на граѓаните ни се најважни, особено во ваква ситуација кога целата земја а и светот се соочуваат со пандемија од вирусот ковид 19 – изјавија од општината.

 

Поврзани содржини