ГАЗИ БАБА ЌЕ ПЛАЌА ЗА СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ Нова мерка за помалку бездомни кучиња и мачки
Објавен е јавен повик на кој граѓаните можат да аплицираат за ја добијат субвенцијата, која ќе изнесува максимално 6.000 денари.
Општина Гази Баба почна со нова мерка за граѓаните – субвенционирање за стерилизацијата на домашни темиленици. Објавен е јавен повик на кој граѓаните можат да аплицираат за ја добијат субвенцијата, која ќе изнесува максимално 6.000 денари.
„Со задоволство сакам да објавам една нова мерка, а тоа е субвенционирање на граѓаните за стерилизација на домашните миленици. Ова е уште една мерка која ја реализираме како одговорна локална самоуправа во насока на системско решавање на проблемот со бездомните миленици на долг рок. Придобивките од стерилизацијата на милениците се многубројни и подеднакво важни за здравјето на миленикот и за околината. Стерилизацијата е најдобро решение за контрола и за намалување на популацијата на бездомни животни, а со сеа се намалува и нивната агресивност“, напиша градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на Фејсбук.
Јавниот повик и условите за учество се објавени на веб-страната на Општина Гази Баба.