ГАЗДАТА НА „ПУЦКО ПЕТРОЛ“ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР За Апелација гаранција се 2 милиони евра

Јахоски, кој е син на актуелниот пратеник од ДУИ, со уште 13 лица е осомничен за злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари, за набавка на канцероген мазут со кој го загадувале воздухот. 

992

Сопственикот на „Пуцко Петрол“ Асмил Јахоски, кој е осомничен за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино е ослободен од притвор. На Јахоски му е определена мерка на претпазливост и му е одземена патната исправа.

Апелација ја уважи неговата жалба, прифаќајќи парична гаранција  и недвижен имот.






„Решението на Основниот кривичен суд Скопје, го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема осомничениот А.Ј. од С. со прифаќање гаранција во износ од 986.540,00 евра, во денарска противвредност од 60.672.235,00 денари, со ставање хипотека на недвижен имот во корист на Република Северна Македонија и износ од 72.000.000,00 денари готови пари (1,17 милиони евра), во корист на Република Северна Македонија. Последната сума како дел од гаранцијата понуден и претставува паричен износ еднаков на претпоставената штета за која осомничениот се сомничи дека ја сторил во конкретниот кривично правен настан“, соопштија од Апелациониот суд Скопје.

При одлучувањето Судот го имал предвид претходно прибавениот позитивен предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и мислењето на Вишото јавно обвинителство Скопје да се уважи жалбата на осомничениот, со прифаќање на понудената гаранција.

Инаку, Јахоски, кој е син на актуелниот пратеник од ДУИ, со уште 13 лица се осомничени за злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари, за набавка на канцероген мазут со кој го загадувале воздухот.

Поврзани содржини