ГАЗДАТА НА „МАРКОВСКИ КОМПАНИ“ ВО ПРИТВОР Судот ја прифати жалбата на ОЈО Битола за скандалот во РЕК

Основното јавно обвинителство Битола успеа да ја преиначи одлуката на судијата и на осомничениот му е определена мерка притвор, по истрагата за злоупотреби со јавни набавки во РЕК „Битола“.

637

Основното јавно обвинителство Битола успеа да ја преиначи одлуката на судијата на претходна постапка и на осомничениот сопственик на фирмата „Марковски Компани“, Борче Марковски, му е определена мерка притвор. Ова следува по поднесената жалба на обвинителството, кое посочи ризик од бегство на осомничениот, кој поседува значителен имот во странство.

„Обвинителството вложи жалба на одлуката на судот за куќен притвор и побара затворски притвор со цел да се обезбеди присуство на осомничениот во текот на постапката“, соопштија од ОЈО Битола.






Овој развој е дел од истрагата за злоупотреби со јавни набавки во РЕК „Битола“, каде што обвинителството претходно побара мерка притвор за двајца од осумтемина осомничени. Марковски и неговата фирма се сомничат дека незаконски добивале тендери од рудниците на Комбинатот.

Во претходниот период, судот му определи куќен притвор на Марковски, што предизвика реакции од јавноста и политичките партии. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека одлуката била „срамна“ и го обвинија судството за заштита на криминалци.

– Газдата на „Марковски Компани“, со стотици милиони евра од тендери во РЕК, наместо во затвор, доби куќен притвор. Судството под контрола на СДСМ и ДУИ ги ослободува криминалците – изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Основното јавно обвинителство сè уште чека официјално известување за конечната одлука по жалбата за куќниот притвор на останатите осомничени раководители во РЕК.

Поврзани содржини