„Газдата“ на А1 позитивен на ковид-19
Денес Слим е на 12-то место меѓу најбогатите луѓе во светот, со богатство проценето на 59 милијарди долари.
Мексиканскиот милијардер Карлос Слим, еден од најбогатите луѓе во светот, беше позитивен на ковид-19 пред околу една недела, објави неговиот син.
– Неговиот третман се одвива добро – рече тој, додавајќи дека Слим има „благи симптоми“ повеќе од една недела.
Слим и неговото семејство ја контролираат најголемата телекомуникациска компанија во Латинска Америка, „America Movil“, но исто така имаат инвестиции во стотици бизниси во различни области на економијата, медиуми, недвижнини и многу повеќе.
Затоа некои Мексиканци ја нарекуваат својата татковина „Слимланд“.
– Тешко е да се помине еден ден во Мексико без да се стават пари во џебот на Карлос Слим – напиша неодамна „Волстрит журнал“.
Денес, 57% од богатството на Слим доаѓа од „America Movil“, која е сопственик на „A1 Telekom Austria Group“, која пак ја има во сопственот „А1 Македонија“. Милијардерот поседува банки, енергетски и градежни компании, како и рудници.
Во април 2020 година две добротворни фондации на Слим најавија дека ќе донираат 50% од потребните 30 милиони долари за изградба на привремена болница за ковид-19 во Мексико.
Пред неколку дена, „Slim Foundation“ и мексиканската влада објавија дека планираат да ја прошират со болнички кревети и да ги зголемат од 247 на 607.
Денес Слим е на 12-то место меѓу најбогатите луѓе во светот, со богатство проценето на 59 милијарди долари.