📷 ГАЗДАРИЦА ВО ШПАНСКА ФИРМА ИМ ДАВА НА ВРАБОТЕНИТЕ ПАУЗА ОД 30 МИНУТИ ЗА МАСТУРБАЦИЈА Било добро за справување со стресот и со вознемиреноста

Сопственичката на компанија за филмови за возрасни, Ерика Ласт, тврди дека воведувањето редовни паузи за самозадоволување му помогнало на нејзиниот тим полесно да се справи со стресните работни денови. Вработените имаат на располагање посебни „станици за мастурбација“ каде што се опуштаат.

1,114

Газдарицата на една шпанска фирма откри дека на своите вработени им дозволува пауза од 30 минути за мастурбација, со цел да им помогне да се ослободат од „стресот“ и од својата „вознемиреност“, објави британскиот портал Џо.

Ерика Ласт, која води сопствена компанија за филмови за возрасни, наречена „Ерика ласт филмс“, вели дека редовните паузи за „самозадоволување“ му помогнале на нејзиниот тим полесно да ги поднесе напорните работни денови.






Вработените имаат пристап до приватни „станици за мастурбација“ и добиваат цел полчас за да се „опуштат“ во текот на денот.

Трендот, кој бил воведен во 2022 година, е толку добро прифатен што дури и производители на секс играчки почнале да ја снабдуваат компанијата со уреди за да ја олеснат „работата“.

Еден од вработените изјавил дека дополнителните паузи промовираат „помалку агресија“ и „повеќе продуктивност“ на работното место, со порака дека ваквиот пристап може да функционира подеднакво и во канцеларија и во магацин.

Дополнително, иако идејата за пауза за мастурбација надвор од ваква работна средина може да им биде непријатна на некои луѓе, едно неодамнешно истражување, спроведено меѓу повеќе од 1.000 луѓе, покажало дека дури еден од 20 луѓе мастурбирал на работа.

На Инстаграм, зборувајќи за оваа прогресивна иницијатива, Луст изјави:

– Вистината е дека мастурбацијата може да им помогне на луѓето подобро да се справуваат со стресот, да го регулираат сонот и да се поврзат со своето тело и сексуални желби, меѓу другите предности.

Истражувањата одамна покажуваат дека мастурбацијата и интимноста се поврзани со низа здравствени придобивки, вклучувајќи намалување на крвниот притисок, и дека воздржувањето може да биде штетно.

Според експертите, мастурбацијата предизвикува лачење на здрави количини корисни хормони како допамин, окситоцин, тестостерон и пролактин, а за сите тие е докажано дека позитивно влијаат врз расположението и врз физичкото здравје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ERIKALUST (@erikalust)

Поврзани содржини