ГАЗДА ДЕКО НЕ ГО ПРЕФРЛААТ ВО ШУТКА, ИАКО СЕ ЖАЛЕЛ НА НЕЧОВЕЧКО ОДНЕСУВАЊЕ Кумановскиот затвор одговорил дека само душекот не му е најдобар

Извршен е разговор со Јованов, кој посочи дека нема никаква забелешка за односот од ниеден службеник, се вели во одговорот кој стигнал до судот и до одбраната на Јованов.

470

Управата на Истражниот затвор – Скопје во Шуто Оризари усно ја известила адвокатката Ивана Коцевска, бранителка на првообвинетиот Дејан Јованов Деко, дека во притворот има капацитет да го прими нејзиниот клиент, откако таа поднела барање тој да биде префрлен таму од затворот Куманово, каде што се наоѓа сега. Ова барање таа го поднела откако Јованов, газдата на дикотеката „Пулс“, се пожали на „нечовечко и деградирачко однесување од службените лица во затворот Куманово“.

– Судот не ми одговори на барањето Јованов да биде префрлен од притворот во Куманово во притворот во Шутка, па затоа повторно упатувам барање тој да биде преместен. И на минатата расправа по дадениот предлог на адвокатката Коцевска телефонски контактирав за барањето Дејан Јованов да се префрли во Шуто Оризари, ми беше посочено дека веќе дознале од медиумите за тоа барање. Рекоа дека дополнително ќе го известат судот. По неколку дена и писмено го информирале судот, за што сега ќе ја прочитам информацијата:






„Во врска со добиените сознанија дека Јованов се жали за нечовечко и деградирачко однесување од службените лица во затворот Куманово. Извршен е разговор со Јованов, кој посочи дека нема никаква забелешка за односот од ниеден службеник. Имаше забелешка само во врска со тоа што му е сменет душекот и дека пречесто се вршат претреси. Нема услови да му се донесе специјален душек, Ве информираме дека претресите се вршат редовно и кај сите затвореници, а особено по информација дека во собите има недозволени средства, особено мобилни телефони. Бараме во иднина да не се земаат предвид ваквите паушални обвинувања кои не се покриени со факти, затоа што влијаат на интегритетот на установата“ – прочита бранителката Коцевска.

Според неа, нормално е од затворот да кажат дека обвинетиот рекол дека не се однесуваат нечовечки кон него. Се обиде да ја прочита медицинската документација, затоа што Јованов имал тешка операција, ама судијката ја прекина и рече документацијата да ја достави до затворот во Куманово.

Во пожарот кој настана од пиротехника во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 210 беа повредени. Во предметот што се суди во големата судница на Кривичниот суд во Идризово се обвинети 35 гизички и 3 правни лица, за делото Тешки дела против општата сигурност.

Поврзани содржини