ГАЗДА ДЕКО ГО ОДНЕСОА ОД СУДНИЦА СО БРЗА ПОМОШ Пред три дена бил опериран

Претходно одбраната на Јованов побара да му биде заменет затворскиот притвор со домашен, поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба.

536

На судењето во Идризово за пожарот со дискотеката „Пулс“ денеска интервенираше екипа на Брза помош, која беше повикана поради влошената здравствена состојба на првообвинетиот Дејан Јованов Деко, сопственик на дискотеката „Пулс“.

Медицинската екипа дојде за време на паузата на судењето.

Претходно одбраната на Јованов побара да му биде заменет затворскиот притвор со домашен, поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба. Адвокатката Ивана Коцевска рече дека судот е запознаен со здравствената состојба на обвинетиот кој денеска бил спроведен од болница со отворена рана после оперативен зафат.

– Таму сите лекари рекоа дека се потребни три дена мирување. Тие се поминати и затоа е денеска спроведен. Немаме такви сознанија од затворскиот лекар, а ние постапуваме по тоа – изјави судијката Дијана Груевска Илиевски.

Јавното обвинителство рече дека ги сослушале наводите на одбраната и по разгледување на документацијата на крајот од денешната расправа ќе се произнесат за барањето, но во меѓувреме здравствената состојба на обвинетиот дополнително се влошила, по што била повиката Итна помош.

СЕ БАРА ДОМАШЕН ПРИТВОР ЗА ГАЗДАТА НА ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ Здравствената состојба му е сериозно нарушена

 

Поврзани содржини