Гатузо си оди, Елмас добива нов тренер во Наполи

Консеисао, според италијанските медиуми, веќе дал согласност да го преземе Наполи и неговата официјална промоција се очекува во следните денови. 

309

Тренерот на португалскиот фудбалски гигант Порто, Серџо Консеисао, е фаворит да го наследи Џенаро Гатузо на клупата на италијанскиот прволигаш Наполи.

Гатузо заминува од тренерското место, откако викендов во последното коло клубот од Неапол одигра само 1:1 на домашен терен против Верона и остана без пласман следната сезона во Лигата на шампиони.






Консеисао, според италијанските медиуми, веќе дал согласност да го преземе Наполи и неговата официјална промоција се очекува во следните денови.

Поврзани содржини