ГАТУЗО СИ ГО ОСТВАРИ СОНОТ Италија има нов селектор
Гатузо ја презема селекторската должност во тежок момент, со примарна цел да ја врати Италија на Светското првенство, откако „аѕурите“ ги пропуштија два последователни мундијалски настапи.
Џенаро Гатузо денеска официјално беше претставен на должноста селектор на италијанската фудбалска репрезентација, откако неговиот претходник Лучијано Спалети беше отпуштен.
Гатузо ја презема селекторската должност во тежок момент, со примарна цел да ја врати Италија на Светското првенство, откако „аѕурите“ ги пропуштија два последователни мундијалски настапи.
– Ова е остварување на мојот сон и се надевам дека ќе бидам достоен за предизвикот. Знам дека нема да биде лесно, но ништо во животот не е лесно – рече Гатузо на својата промоција во Рим.
Новиот италијански селектор нагласи дека една од неговите главни цели е да го врати единството и позитивниот дух во националниот тим.
– Мојата цел е секој играч да дојде на собирот со голем ентузијазам и да создадеме семејна атмосфера – изјави Гатузо.