ГАТУЗО СЕ ВРАЌА ВО ИТАЛИЈА, АМА НЕ КАКО ТРЕНЕР НА КЛУБ Се тресе столчето на Спалети?
Италија се најде во незавидна позиција откако претрпе тежок пораз од Норвешка со 3:0 – резултат што сериозно го доведе во прашање нивниот пласман на следното Светско првенство. Иако Спалети првично доби поддршка од Фудбалскиот сојуз, по неколку дена дојде до спогодбен раскин на соработката.
Џенаро Гатузо е на чекор до тоа да стане нов селектор на италијанската фудбалска репрезентација.
По неодамнешното заминување од Хајдук Сплит, каде што беше ангажиран како тренер во трката за титула во хрватскиот шампионат, 47-годишниот Гатузо се најде на врвот на листата за наследник на Лучано Спалети.
Италија се најде во незавидна позиција откако претрпе тежок пораз од Норвешка со 3:0 – резултат што сериозно го доведе во прашање нивниот пласман на следното Светско првенство. Иако Спалети првично доби поддршка од Фудбалскиот сојуз, по неколку дена дојде до спогодбен раскин на соработката.
Процесот на пронаоѓање нов селектор беше отежнат бидејќи неколку реномирани имиња, меѓу кои Клаудио Раниери, Стефано Пиоли и Роберто Манчини, ја одбија понудата. Така, изборот се сведе на неколку опции, меѓу кои најгласно се споменуваа поранешните светски шампиони од 2006 година – Гатузо и Фабио Канаваро.
Сепак, според извори од Италија, Гатузо има јасна предност. Тој во последните денови интензивно комуницирал со Џанлуиџи Буфон, кој сега е висок функционер во Фудбалскиот сојуз, и кој силно лобира за негово назначување.
Како што открива новинарот Микеле Криситиело од „Спортиталија“, најважните разговори се веќе водени, а конечната одлука ќе биде официјализирана по денешната средба со претседателот на Сојузот, Габриеле Гравина.
„Белиот чад е на повидок“, напиша Криситиело, алудирајќи на симболичниот знак за избор, и додаде дека Гатузо би можел веќе утре, во петок, официјално да ја преземе функцијата. Тоа би бил спектакуларен пресврт за темпераментниот стратег, кој за само неколку дена премина од разделба со Хајдук до историска шанса да ја води својата татковина.