ГАТУЗО СЕ СЕЛИ ВО ГРЦИЈА Легендарниот Рино ќе го води Олимпијакос?
Славниот поранешен фудбалер е без клуб, а новата дестинација би можела да биде Олимпијакос. Клубот од Пиреја го посакува Гатузо за нов тренер за следната сезона.
Грчкиот фудбалски гигант Олимпијакос започна преговори со Џенаро Гатузо околу тренерската позиција, пишуваат грчките медиуми.
Славниот поранешен фудбалер е без клуб, а новата дестинација би можела да биде Олимпијакос. Клубот од Пиреја го посакува Гатузо за нов тренер за следната сезона.
Олимпијакос отсекогаш има врвни амбиции во грчкото првенство, а оваа сезона ја заврши на третото место на табелата, зад новиот шампион АЕК Атина и зад Панатинаикос.
Последниот ангажман на Гатузо беше во Валенсија, а тој раководеше и со Наполи, Милан, Пиза, ОФИ, Палермо и со Сион.